ЛИХНИД - Зборник на трудови - 5
1983
ЗБИРНИОТ НАОД ОД ЛОЗИШТА КАЈ РЕЧИЦА
Збирниот наод во нашиов случај со повеќе свои карактеристики, како што ќе видиме подоцна, нè обврзува да се приклониме кон употребата на поимот остава*. Оставите пак, имаат посебен третман и значење во археолошката наука. Од една страна, како затворени наоди, упатуваат на попрецизно хронолошко разграничување на нивните содржини ако ги содржат потребните елементи, а од друга страна пак го ограничуваат и сведуваат проучувањето исклучиво на типолошка обработка на материјалот без можности за поширок аналитички приод во комплексноста на целокупната проблематика. Не е непотребно веднаш да се каже дека збирниот наод на бронзените предмети од Лозишта кај Речица дошол во Народниот музеј во Охрид по заслуга на пок. д-р Васил Лахтов уште во 1955 година и досега истиот како таков целосно не е обелоденет а делумно погрешно е претставен и интерпретиран во поновата македонска археолошка литература. Најпрвин би било потребно да се расчисти со разграничувањето на локалитетите во близината на селото Речица како и соодносот на материјалот од тие локалитети во поглед на тоа дали се работи за некропола од железно време или остава од истото време а кој материјал е споменуван во лите-
* “Остава” значи збир на археолошки предмети откриени на едно место. Во Речникот на македонски јазик не постои ваков израз. Зборови со приближно слично значење се: депо, склад, складиште, магазин, шпајз - но ниеден не е адекватен во вистинската смисла на зборот и ниеден од нив не е нешто повеќе во духот на македонскиот јазик. Со обѕир на тоа што во македонската археолошка литература зборот “остава” е прифатен како terminus technicus, ние си дозволивме и во оваа прилика да го употребуваме.
ратурата од една страна правилно од самиот В. Лахтов, од друга страна неправилно во каталошки рамки или како аналоген од страна на повеќемина проучувачи на железновременските археолошки категории во Македонија, а за кое разграничување пак гореспоменатиот В. Лахтов оставил доволно податоци и во инвентарната картотека и во неколку записници од тоа време во народниот музеј во Охрид.
Во прашање се два локалитети во близината на селото Речица¹: едниот е Задружна штала кој се наоѓа западно од селото, на една зарамнета коса, кај кого во летото 1952 година задругарите копајќи канали за темели за новата штална зграда откопале и уништиле повеќе гробови кои биле дел од некропола а која се употребувала во периодот од постарото железно време на Македонија. Од таа некропола В. Лахтов успеал да прибере прилози од една гробна целина, и тоа: грчко-илирски шлем со закрпи на тилот, темето, десната страна на ушето и долниот крај на десната парагнатида, веќе добро познат во археолошката литература, двојна секира, два железни врва од копје, двојна игла од типот на “М” и една ромбоидна плочка и кои истите нашироко ги интерпретирал во расправата публикувана посмртно во љубљанската “Ситула”². При копањето на темелите и при рамнењето на двориштето за гумно на истиот локалитет, откриени биле и
¹ Селото Речица се наоѓа на 20 км. североисточно од Охрид, за околу 4 км. лево од патот Охрид - Ресен.
² В Лахтов, Илирскиот боречки гроб од селото Речица - Охридско и проблемот на грчко-илирскиот шлем, SITULA 8, Arheološke študije II, Ljubljana 1965, 47-78.
повеќе гробови од римски период (според тогашните изјави на задругарите) што го навело В. Лахтов да заклучи дека некрополата егзистирала непрекинато се до римско време³ . Другиот локалитет е Лозишта кој се наоѓа на околу 1 км. северозападно од селото. Сопственикот на нивата од тој простор Танаско Митрески, жител од истото село, орајќи ја нивата во пролетта 1955 година открил мала остава на бронзен накит кој припаѓа на постарото железно време од Македонија. Истиот тој накит В. Лахтов типолошки го разврстил во мноштвото свои типови и варијанти обработувајќи го проблемот на Требеништанската култура во својата дисертација⁴. Локалитетот Лозишта е погрешно споменуван како некропола и тоа со припишани предмети од илирскиот боречки гроб од локалитетот задружна штала а на истите места предметите од локалитетот Лозишта делумно заедно се прикажуваат или пак воопшто не се споменуваат.⁵
Збирниот наод од Лозишта кај Речица ги содржи следните предмети:
- Три бронзени белезии, затворени, со кружен пресек. Димензии: дијаметар 6,2 (7,7) см.; 5,1 (6,5) см.; 8,1 (9,9) см. Инв. бр. П-133-135 (T. I / 1 - 3).
- Девет бронзени белезии со преклопени краеви, изработени од едноделни жици со четвртести пресеци; преклопените делови завршуваат со зашилени краеви без никаква друга стилизација кај две белезии; преклопените делови се стеснуваат и завршуваат со стопалести или четвртести краеви (стилизирани змиски глави) изведени со засеци кај сите останати белезии, освен кај една кај која едниот крај се стеснува и полукружно завршува. Една друга од овие белезии е истегната и деформирана. Димензии: внатрешен дијаметар од 4,7 до 5,5 см.; надворешен дијаметар од 5,4 до 6,2 см. Инв. бр. П-140-148 (T. II / 1-6; T. III / 2-4).
- Една бронзена белезија со преклопени краеви изработена од бронзена помасивна жица со неправилен четириаглен пресек; деловите што се преклопуваат имаат трапезесто задебелени завршетоци кои што се орнаментирани со врежани вертикални и косо вкрстени линии од внатрешната страна. Димензии: дијаметар 5,9 (7,2) см. Инв. бр. П-138 (T. III / 1).
³ Ibid., 48; Записник во Народниот музеј во Охрид.
⁴ V. Lahtov, Problem Trebeniške kulture, Ohrid 1965, 46 и натака.
⁵ В. Санев, Д. Симоска, Б. Китаноски, С. Capжоски, Праисторија во Македонија - Каталог 677 - 696, Скопje 1976, 62-63; В. Санев, В. Соколовска, Б. Бабик, Од археолошкото богатство на СР Македонија, Каталог 276-278, Скопје 1980, 47.
- Една бронзена четирипати спирално свиена белезија изработена од едноделна лента со краеви кои завршуваат во вид на стилизирани змиски глави. Димензии: дијаметар 5,5 (6,5) см.; висина 6,5 см. Инв. бр. П-139 (Т III / 5).
- Четири спирални прстени изработени од лентести бронзени жици со четвртест пресек; два од нив се двапати свиени, еден трипати и еден петпати. Краевите на сите им завршуваат зашилено. Димензии: дијаметар од 2,0 до 2,3 см.; ширина на лентата од 0,1 до 0,2 см. Инв. бр. П-149-150, 152-153 (T. IV / 1-4).
- Четири бронзени прстени во вид на алки изработени од бронзени жици со сегментни или неправилно четвртести пресеци; краевите им се додирнуваат или им се доближуваат а завршуваат или зашилено или четвртесто отсечени. Димензии: дијаметар од 2,2 до 2,5 см.; дебелина на жиците од 0,1 до 0,3 см. Инв. бр. П-154-157 (Т. IV / 7-10).
- Прстен со преклопени краеви изработен од подебела бронзена жица со сегментно елипсест пресек; краевите завршуваат четвртесто проширени (едниот е откршен и недостасува). Димензии: надворешен дијаметар 2,3 см.; внатрешен дијаметар 1,8 см.; најголема ширина на жицата: 0,4 см. Инв. бр. П - 151 (T. IV / 5).
- Прстен со малку преклопени краеви изработен од бронзена жица со четвртест пресек; краевите се подебели во однос на останатиот дел од жицата, но завршуваат зашилено. Прстенот е деформиран и нема правилна кружна форма. Димензии: ширина 2,1 см.; дебелина на жицата 0,1 см. Инв. бр. П - 158 (T. IV / 6).
- Вотивен бронзен прстен изработен од поширок лентест лим со малку преклопени краеви; од надворешната страна е орнаментиран со три хоризонтални канелури. Димензии: дијаметар 1,0 см; ширина на лентата 0,7 (0,8) см. Инв. бр. П - 171 (Т. IV / 11).
- Вотивен бронзен прстен со трапезно задебелена глава изработен од бронзена жица со ромбичен пресек. Димензии: надворешен дијаметар 1,2 см.; внатрешен дијаметар 0,9 см.; главата 0,2 х 0,3 см. Инв. бр. П - 219 (Т. IV / 12).
- Две затворени алки изработени од масивни бронзени жици со неправилно кружен пресек. Едната има мал испуст. Димензии: надворешен дијаметар 3,4 и 3,7 см.; внатрешен дијаметар 2,2 и 2,3 см. Инв. бр. П-136-137 (T. IV / 13-14).
- Три алки од кои една со краеви кои малку се преклопуваат и безлично завршуваат а две со краеви кои се додирнуваат и завршуваат кај едниот со четвртесто проширување а кај другиот отсечено. Изработени се од бронзена жица со кружен или четвртест пресек. Димензии: 1,8 х 1,5см.; 2,8 х 2,5 см.; 2,3 х 2,0 см. Инв. бр. П-159-161 (Т. IV / 15-17).
- Два висулци во вид на цилиндрични цевки со по три прстенести проширувања на краевите и во средината. Едниот има по четири врежани вертикални линии на надворешните страни од крајните два прстени а другиот елипсест отвор на цевката до крајниот прстен. Димензии: должина 3,5 и 3,7 см.; дијаметар на прстените од 1,4 до 1,7 см.; дијаметар на отворите 0,6 см. Инв. бр. П-169-170 (T. V / 1,3).
- Два висулци со триаглен облик и три кружни задебелувања на краевите. Во средината кружен отвор. Димензии: 1,7 х 1,7 см.; дијаметар на отворот 0,6 см. Инв. бр. б.б. (T. V / 6,7).
- Бронзен висулец - прапорец со неправилно елипсест облик, украсен со по два поголеми елипсести исечоци странично и по три до четири помали неправилни исечоци на предната и задната страна изведени со теxника на пробивање. Горниот дел цилиндрично продолжува и завршува со хоризонтално изработена елипсеста плочка а долниот со мало цевчесто издолжување. Димензии 4,1 х 2,2 см. Инв. бр. П-162 (T. VI / 1).
- Коскена перла (мониста) од ѓердан. Димензии: 1,5 х 1,8 см. Инв. бр. П-232 (T. VI / 2).
- Бронзена спирала (8 фрагменти) од тенка лентеста жица. Најверојатно во украсна употреба. Димензии: вкупна должина околу 37 см.; дијаметар 1,0 см. Инв. бр. П-172 (T. V / 2).
- Салталеони (7 фрагменти) од лентеста бронзена жица. Димензии: вкупна должина околу 30 см.; дијаметар од 0,5 до 0,6 см. Инв. бр. П-173 (T. V / 4).
- Шест украсни калотести петлици; од долната страна имаат по една дијаметрално поставена лента од тенок лим (кај две се откинати и ги нема). Една од петлиците има кружен отвор на горната страна а сите се кружно украсени со вертикални елипсести или триаглести исечоци со техника на пробивање. Димензии: дијаметар од 3,1 до 3,4 см.; висина од 1,1 до 1,4 см. Инв. бр. П-163-168 (T. VI / 3-8). Украсна петлица, калотеста, со пет радијално извлечени листови. Од внатрешната страна лента за поврзување. Димензии: 3,6 х 3,6 см.; дијаметар на калотестиот дел 1,8 см. Инв. бр. б. б. (T. V / 5). Од горенаведениот преглед и опис на предметите, бројчано наодот содржи 46 предмети од кои 14 белезии, 12 прстени, 7 украсни петлици, 5 алки, 5 висулци, 2 групи спирали (салталеони) и една коскена перла од ѓердан. Материјалот им е на сите еднороден, бронза, освен кај еден предмет којшто е изработен од коска. Истите биле најдени на простор од 30-45 см. закопани во земја покрај една помала природна карпа на просторот кој бил оивичен со помали камења од спротивната страна на карпата. Повеќето предмети биле наредени како кај покојник, и тоа: по две белезии на местото каде што би стоеле подлактиците, потоа по четири прстени на местата од прстите од двете раце а во средината помеѓу нив и погоре ѓерданот од спирали со наредени на него затворени белезии и други предмети. Наодот содржел повеќе предмети (прстени и др.) но истите исчезнале уште во првите денови по пронаоѓањето.
Поставувањето на прецизна хронолошка детерминација во нашиов случај е отежнато поради тоа што повеќето врсти на предмети се јавуваат во поширок временски распон и не се типични за строго одреден период. Сепак, во рамките на типолошкото разгранување, аналогиите и генезата, истражувањата секако можат да доведат до поблиско хронолошко определување на наодот и тоа водејки се по принципот на временското потекло на предметите со најмлада хронолошка појава и припадност од една страна и поклопувањето на најдоцна употребуваните предмети со овие, од друга страна. Како што видовме погоре, најбројни се белезиите. Овие ја трпат поделбата на три основни групи: затворени масивни белезии (Т. I / 1-3, Сл. 1/1); белезии со преклопени краеви (Т. II / 1-6, Т. III / 1-4, Сл. 1 / 2-4) и спирална белезија со змиски завршетоци (Т. III / 5, Cл. 1/5). Во рамките на Требеништанската култура В. Лахтов затворените белезии ги сместува во типот 1 од првата група (а)⁷. Спрема истиот, ваквите белезии не се карактеристични само за нашите, туку и за соседните илирски популација.⁸ Сепак, во Македонија не се често најдувани, мислиме воопшто освен нашите, додека на територијата од Југосла-
⁶ Податоците за распоредот, начинот и бројноста на предметите се добиени од разговорот со пронаоѓачот на оставата Танаско Митрески коишто ги прифаќаме со извесна доза на резерва. За некаква поврзаност на ова депо од бронзени предмети со уништената некропола од Задружна штала немаме никакви индиции, но ја оставаме можноста за спекулативни размислувања во тој правец.
⁷ V. Lahtov, op. cit. 70.
⁸ Ibid., 103.
вија откривани се на локалитетите од Долењска група (меѓу Сава и Крка)⁹, Талине во рамките на гласиначкиот културен комплекс (Гласинац IVa)¹⁰ Дуго Поље - Сали (Хрватска) но co триаголен пресек (Халштат A₂ - B₁)¹¹, Будишиќ (Србија) HO шуплива (Халштат С)¹² како и на некои други локалитети во БиХ (Горица)¹³, Хрватска и соседна Бугарија (фаза I, IIа, в по Лахтов).¹⁴ Спрема тоа, овој тип белезии се појавуваат уште во Железното време I, а нивната употреба е повеке раширена во Железното време II по хронолошкиот систем на М. Гарашанин за Македонија, во чии рамки (800-600 г. п.н.е.) секако влегуваат нашите примероци.
Белезиите со преклопени краеви имаат или сплескани зашилени завршетоци (T. II / 1, 2, Сл. 1/2), или завршетоци зашилени но во вид на стопало (Т. II / 4, Т. III / 3) или пак сплескани четвртесто проширени во вид на шематизирани змиски глави (Т. II / 3, 5, 6, T. III / 2, 4, Сл. 1/3). Една од нив е масивна со задебелени завршетоци и украсена со линеарна орнаментика (Т. III / 1, Сл. 1/4). В Лахтов ги сместува во своите групи: B (типови 1 и 3c) и Е (тип 2) наоѓајќи им притоа многубројни аналогии.¹⁵ Белезиите со преклопени краеви во сите свои варијанти се доста чести археолошки предмети на железновременските локалитети не само на териториите од илирскиот етнички супстрат туку и многу пошироко од нив. Нивната појава во средна Европа е означена уште во преодниот период од бронзено во раното железно време¹⁶, додека на Балканскиот Полуостров исто така се со доста високо хронолошко скалило, како на пример на Гласиначките локалитети: Осово со гласинац IIIа којшто се поклопува со бронзеното време D за средна Европа¹⁷ и Косово кај Рогатица со Гласинац IIIc (1000-800 г. п.н.е.)¹⁸. Тоа се локалитети кои што дале приближно слични примероци на белезии со преклопени краеви и заши
⁹ Р. Васић, Културне групе старијег гвозденог доба у Југославији, Београд 1973, 33.
¹⁰ A. Benac - B. Cović, Glasinac 2, Sarajevo 1957, T. II, 3, 4.
¹¹ Група автори, Илири и Дачани - Каталог И 16. Београд 1971, 86, и 16.
¹² Д. Гарашанин, Каталог метала, Београд MCMLIV, T. XVIII, 1.
¹³ C. Truhelka, Zwei prähistorische Funde aus Gorica (Bezirk Ljubuški), Wissenschaftliche Mitteilungen aus Bosnien und der Hercegovina, achter Band, Wien 1902, 37, Fig. 85.
¹⁴ V. Lahtov, op. cit. 70 (nap. 976).
¹⁵ Ibid., 70, 71, 75.
¹⁶ A. Benac - B. Cović, op. cit. 30.
¹⁷ A. Benac - B. Cović, Glasinac 1, Sarajevo 1956, T. XXIII, 6.
¹⁸ Ibid., 35, T. XI, 1-7, 9-12.
лени завршетоци како и нашите од Лозишта кај Речица. Натака, вакви белезии содржи и оставата од Тешањ кај Добој¹⁹ која е датирана во Халштат A - B, Русановиќи (Гласинац IVa)²⁰ - слични со нашата линеарно орнаментирана (Т. III / 1, Сл. 1/4), потоа Читлуци (Гласинац IVc)²¹, Дубравица кај Пожаревац и др.²² Белезии со вкрстени и зашилени краеви како и со краеви кои се четвртесто проширени имитирајќи змиски глави има и на повеќе локалитети во Македонија но најслични со нашите се оние од Калдрма кај Прилеп²³, Црквиште кај Беранци²⁴ и Требеништа²⁵. Покрај големата распространетост на белезиите со вкрстени краеви во сите варијанти на териториите од Романија (во скитските некрополи од областите Трансилванија и Олтенија)²⁶, Бугарија (Пали Лула, Софронијево и др.)²⁷ и Грција (Фере, Тесалија)²⁸, овде би требало да ги издвоиме примероците на белезии со вкрстени и зашилени краеви од некрополата Stoicani во источна Романија²⁹, белезиите со вкрстени и четвртесто проширени краеви од Албанија (Фаза Kuçi Zi II)³⁰ како и онаа од југоисточна Албанија³¹ слична со нашата масивна и орнаментирана (Т. III / 1). Кога би требало да извлечеме заклучок во врска со хронолошката поставеност на нашите белезии, би го добиле следниот хронолошки редослед: белезиите со преклопени и зашилени краеви се најстари, но нашите не постари од VIII - VII век п.н.е.; по
¹⁹ Д. Гарашанин, op. cit. 32, T. XVII ²⁰ A. Benac - B. Cović, Glasinac 2, 30, T. V, 1, 2. ²¹ Ibid., 48, T. XXIX, 6, 7, 11, 12. ²² Д. Гарашанин, op. cit. Т. XXXIX, 3, 5, 7, 9. ²³ Б. Китаноски, Некрополата Калдрма Прилеп, Macedoniae acta archaeologica 1, Прилеп 1975, T. I, 254-256, 258-259; T. II, 260-261; T. XIII, 316; T. XIV, 374. ²⁴ И. Микулчић, Једна античка некропола из околине Битоља, СТАРИНАР XXI, Београд 1972, T. I, i-395. ²⁵ В. Лахтов - J. Кастелиц, Нови истражувања на некрополата “Требениште” 1953-1954, ЛИХНИД - Годишен зборник на Народниот музеј во Охрид, книга I, Охрид, 1957, T. XIII, 5. Т. XIV, 8. ²⁶ Р. Васић, Нека питања хронологије старијег гвозденог доба северног Балкана, СТАРИНАР XXII (1971), Београд 1974, 37-38. ²⁷ Ibid., 40. ²⁸ K. Kilian, Fibeln in Thessalien von der my kenischen bis zur archaischen Zeit, Prähistorische Bronzefunde, Abteilung XIV Band 2, München 1975, 193, T. 68 (11, 12). ²⁹ M. Petrescu - Dimbovița, Elements illyriens dans le milieu Thrace de l'est de la Roumanie, ILIRIA IV, Tirana 1976, 229, Fig. 2 (9-11). ³⁰ Zh. Andrea, La civilisation tumulaire du bas sin de Korçe et sa place dans les Balkans du sud - est, ILIRIA IV, Tirana 1976, 154, PL XII, 4. ³¹ F. Prendi, Un aperçu sur la civilisation de_la premiere periode du fer en Albanie, ILIRIA III, Tirana 1975, 135, Pl. VI, 10.
нив следуваат белезиите со преклопени и четвртесто проширени краеви имитирајки змиски глави кои ја исполнуваат втората половина на VII век и на крај, масивната белезија со преклопени краеви и трапезно задебелени завршетоци орнаментирани со врежани линии, која заедно со елементите од своите постари претходници припаѓа на првата половина од VI век пред н.е. Спиралната белезија со завршетоци во вид на змиски глави е единствена во оставата од Лозишта кај Речица (Т. III / 5, Сл. 1/5). Во рамките на Требеништанската култура В. Лахтов ја става во својата четврта група (d), тип 4, а аналогии и наоѓа во Додона, Србија, Poманија и Бугарија.³² Истиот, натака, оваа спирална белезија ја поврзува со белезиите тип 3 од истата група од Прилеп II како подоцна фаза и како карактеристичен локален илирски облик заедно со претходните белезии кои завршуваат со шематизирани змиски глави.³³ Инаку, сите видови на белезии со змиски глави се јавуваат исклучиво и не порано од железновременскиот период, но затоа пак воопшто накит со краеви во облик на змиски глави, шематизирани или пореално изведени, се јавува низ целиот антички период на Балканскиот Полуостров, дури и подоцна, до крајот на Средниот век.³⁴ Како претходници на нашиот примерок секако се уште и оние спирални белезии од бронзен тел или лента кои завршуваат едноставно, отсечени, најчесто зашилени а кои се појавуваат уште во првите два века од првиот милениум пред нашата ера на Гласиначките локалитети: Плање, Талине, Бандин Оџак, Врлазије и др.³⁵ а подоцна и почесто на другите илирски територии. Нашиот примерок секако излегува од првата половина на VI век како претходник на пораскошни белезии со змиски глави карактеристични за преодниот период од VI во V век и покрај тоа што употребата на вакви спирални белезии со змиски завршетоци го зафаќаат и IV век, како на пример примерокот од Калдрма кај Прилеп³⁶ и III век, како на пример примероците од Момишиќи кај Титоград³⁷ кога што, најверојатно и исчезнуваат од употреба. По-
³² V. Lahtov, op. cit. 74.
³³ Ibid., 103.
³⁴ М. Гарашанин, Налаз првог гвозденог доба у Мраморцу и проблем Илира у Србији, Музеји 2, Београд 1949, 130.
³⁵ A. Benac - B. Cović, Glasinac 1, 34, T. XXXV, 3, 4; T. XXXVI, 1, 2; T. XXXX, 23; T. XXXXI. 7 итн.
³⁶ Б. Китаноски, op. cit. 92. T. II, 280.
³⁷ О. Велимировић - Жижић, Налаз у Момишићима, Старинар н.с. књ. XV - XVI, Београд 1966, 204, сл. 39.
теклото на змискиот облик во изработката на накитот е ориентално, но облик кој е најповеќе прифатен кај предметите од домашната илирска изработка но под грчко влијание.³⁸ Меѓу прстените од Лозишта кај Речица разликуваме неколку типови, и тоа: спирални двапати, трипати и петпати свиени (Т. IV / 1-4, Сл. 1/7); отворени во вид на алки (Т. IV / 7-10, Сл. 1/10); со преклопени краеви (T. IV / 5-6, Сл. 1/6,8-9) и вотивни од кои едниот лентест а другиот со трапезно задебелена глава (Т. IV / 11-12, Сл. 1/11-12). Аналогии за спиралните прстени наоѓаме во кругот на Гласиначкото културно подрачје и тоа на локалитетите: Гучево, Млаѓ, Врлазије и Осово³⁹ сместени во хронолошките рамки на Гласинац IIа, IIIв, IIIc и IVв, опфакаjќи го периодот некаде од почетоците на развојот на илирската култура па се до VII век пред н. е.⁴⁰ Сличен примерок е најден и во Гореничкиот гроб 29 (Требеништа) кој меѓутоа е датиран во втората половина на VI век.⁴¹
Отворените прстени во облик на алки и сличните со преклопени краеви се сретнуваат исто така на Гласиначките локалитети: Раздоље, Осово, Живаљевиќи, Пљешивица и др.⁴² и тоа во Протоилирскиот (фаза IIa) и Раноилирскиот (фаза IIIa) период спрема А. Бенац и Б. Човиќ.⁴³ Сличен е примерокот од Калдрма кај Прилеп⁴⁴ како и примерокот од гробот 25 на Гореничката некропола (Требеништа).⁴⁵ Овде би го одбележале прстенот со преклопени краеви од кои едниот завршува со четвртесто проширување, најверојатно имитирајќи змиска глава (Т. IV / 5, Сл. 1/6) за кого имаме аналогии исто така во прстенот од гроб 30 на некрополата “Требеништа”⁴⁶, гробот 8 и двата примероци најдени пон гробните целини на локалитетот Три Чељусти од ископувањата во 1972 година на некрополата “Требеништа”⁴⁷ датирани во времето од VI век пред н. е. За одредување карактерот на збирниот наод посебно значење имаат двата вотивни прстени (Т. IV / 11-12, Сл. 1/11-12) од кои едниот е лентест со хо-
³⁸ И. Микулчић, Архајске некрополе Јужне Пелагоније, Старинар н.с. књ. XV - XVI, Београд 1966, 221-222.
³⁹ A. Benac - B. Cović, op. cit. T. V, 20; T. XXX, 2; Т. XXXXI, 8; Glasinac 2, T. XXI, 2.
⁴⁰ A. Benac - B. Cović, Glasinac 1, 26, 27, 31-35; Glasinac 2, 31-39.
⁴¹ В. Лахтов - J. Кастелиц, op. cit. 52, T. XVI, 4.
⁴² A. Benac - B. Cović, Glasinac 1, T. II, 2; T. VI, 4; T. VIII, 8; Т. XXI, 8-10.
⁴³ Ibid., 26, 27, 29-31.
⁴⁴ Б. Китаноски, op. cit. 91, T. I, 257.
⁴⁵ В. Лахтов - J. Кастелиц, op. cit. T. V, 5.
⁴⁶ Ibid., T. XXI, 13.
⁴⁷ во Заводот и Музеј - Охрид.
ризонтални канелури и налик е на примерокот од Гласиначко Поле⁴⁸ високо датиран во втората фаза (Гласинац IIв) од Протоилирскиот период на Бенац и Човиќ.⁴⁹ Ваквите прстени се јавуваат и неколку векови подоцна за што ни зборува примерокот од Гривац (Србија)⁵⁰ којшто е датиран во времето по меѓу 625-500 година пред н.е.⁵¹ потоа откриените примероци на македонските локалитети: Црквиште - Беранци⁵², Горенци - Требеништа⁵³ и Три Чељусти - Требеништа⁵⁴ кои исто така се датирани во VI век пред н. Е.
Петте бронзени алки, од кои двете затворени (едната со испуст) во случајов не играат поголема улога во поглед на хронолошката детерминација, освен можеби алката (T. IV / 16, Сл. 1/14) која на едниот крај завршува со четвртесто проширување во вид на шематизирана змиска глава која всушност завршува како и прстенот со преклопени краеви и со еден ист таков завршеток (Т. IV / 5) како и двете белезии со слични такви завршетоци (Т. III / 2, 4) од оваа остава, што наведува на логичка претпоставка дека се работени од ист мајстор и во исто време. Нешто слични бронзени алки, но без назначеност и јасност за нивната употреба, откриени се како гробни прилози во комплексот на Гореничките гробови (Требеништа) како и вон гробните целини на просторот од истата некропола.⁵⁵
Висулците во вид на цилиндрични цевки со по три прстенести проширувања на краевите и во средината какви што се нашите (Т. V / 1, 3, Сл. 2/3), ретко се сретнуваат во известувањата од археолошките ископувања во Македонија и Југославија. Идентичен примерок е пронајден во Батина во рамките на Даљската група (Барања и североисточна Славонија)⁵⁶ сместен во хронолошката при-
⁴⁸ A. Benac - B. Cović, op. cit. T. XVI, 16.
⁴⁹ Ibid., 27, 28.
⁵⁰ М. Богдановић, Прилог проучавању бронзаног и старијег гвозденог доба на подручју Централне Србије, Старинар XXII (1971), Београд 1974, Т. II, сл. 7.
⁵¹ Ibid., 151.
⁵² И. Микулчић, Једна античка некропола из околине Битоља, Старинар XXI (1970), Београд, 1972, T. I, - 400.
⁵³ В. Лахтов - J . Кастелиц, ор. cit. T. XIV, 11.
⁵⁴ во Заводот и Музеј - Охрид
⁵⁵ В. Лахтов - J. Кастелиц, ор. cit. T. IV, 24; T. XI, 34; B. Маленко, Нови сондажни и систематски археолошки ископувања на локалитетите Сува Чешма, Три Чељусти и Вртуљка во и подножјето на село Горенци, Macedoniae acta archaeologica 1, Прилеп 1975, 148, сл. 15.
⁵⁶ Р. Васић, Културне групе старијег гвозденог доба у Југославији, Београд 1973, 92, T. XII, 26.
падност на Халштатот В - С. Слични предмети се најдени на Босанско-херцеговската төриторија, според Д. Гарашанин⁵⁷ која истите ги објаснува како украсни предмети поставувани на дрвените делови од свечени коњски коли поврзувајки ги со идентичните предмети откриени во еден гроб во Горна Баварска кој припаѓал на периодот Полиња со урни а кои ги публикувал Müller-Karpe. Босанско-херцеговските предмети се поврзани со појавата и продорот на Келтите и хронолошки се ставени во средниот латен.⁵⁸ Нашите примероци секако се постари а исто така имаат украсен карактер најверојатно во облик на мониста од ѓердан коишто во разни варијанти, од цевкасти до биконусни, се јавуваат на поширок географски простор во халштатскиот период. Според Ј. Боузек⁵⁹ ваквите висулци и нивните варијанти се сретнуваат во Македонија, Србија, Војводина, потоа Грција, дури и Ефес и влегуваат во периодот од втората половина на VII и првата половина на VI век пред н. е. Идентични примероци со нашите се откриени уште и во тумулите од Kuçi të Zi во Албанија.⁶⁰ И покрај ретката застапеност на оваа врста предмети, широкиот круг на распространетост говори за појак центар во Мала Азија од каде преку Грција ги пласирал своите производи на Балканот што не значи дека таква врста предмети подоцна не се произведувале и автохтоно на илирските територии по пример на оние со ориентално потекло.
Ажурираниот висулец - прапорец (T. VI / 1, Сл. 2/4) е чест предмет во оставите и другите видови групни наоди од железновременскиот период на териториите за кои се смета дека повремено биле под трако - кимерско влијание. Вакви и слични предмети се присутни на локалитетите од следните културни групи на постарото железно време во Југославија:⁶¹ Гласиначка група (Ковачев До, Осово, Госиња планина, Илијак, Брезје, Рудине, Бранковиќи и др.)⁶², Доња Долина⁶³, Штипска во
⁵⁷ Д. Гарашанин, Три прилога расветљавању проблематике металног доба наше земље, Зборник радова Народног музеја, књ. друга, Београд MCMLIX, 26, сл. 10, 11.
⁵⁸ Ibid., 29.
⁵⁹ J. Bouzek, Macedonian bronzes, Praha 1974. 309, Fig. 12 (25).
⁶⁰ Zh. Andrea, Tumat e Kuçit të Zi, Iliria VI, Tirane 1978, T. IV (v. 16,3), T. XII (v. 104,2). T. XIV (Gjetje jashte varreve, 7), T. XVI (4).
⁶¹ P. Васић, op. cit. 77 и натака.
⁶²Ibid., T. X. 11; A. Benac - B. Cović, Glasinac 1, T. III, 7, 8; T. XXIII, 7, 8; Glasinac 2, T. IX, 2. T. XIII, 6; T. XXIII, 10, 13-15; T. XXV, 15-17; Т. XXXIV, 11; Т. XXXVI, 14 итн.
⁶³ Р. Васић, ор. cit. T. XI, 25.
Македонија (Радање)⁶⁴, Куманово⁶⁵ и Орешани кај Скопје⁶⁶, потоа Албанија (Мати и др.)⁶⁷ и Грција (Делфи, Олимпија).⁶⁸ Висулецот спаѓа, како што спомнавме погоре, во трако-кимерската група на предмети. На нив прв скренал внимание Reinecke обработувајќи ги специфичностите на железновременскиот материјал од периодот околу 700 год. пред н.е.⁶⁹ а потоа и други проучувачи на железното време и трако-кимерските елементи во тие рамки.⁷⁰ На трако-кимерските елементи во Македонија прв посочил S. Casson а потоа М. Гарашанин и В. Лахтов.⁷¹
Според пишуваните извори (Одисеја XI пеење, Херодот - во врска со малоазиското продирање и Скитите итн.) Кимерците живееле северно од Црното море уште во предскитско време.⁷² Во крајот на VIII век пред н. е. под притисок на Скитите, Кимерците се во живо движење барајќи погодни територии за населување и тоа првенствено кон Мала Азија. Забележан е нивниот продор во земјата Урарту 714 година пред н. е.⁷³ Еден нивен дел се отиснал на запад кон панонските и долноподунавските области каде што се претопиле и изгубиле во домородното население.⁷⁴ Во тие движења од исток кон запад, Басараби - културата во Романија би имала значајно место во пренесувањето на трако -
⁶⁴ Ibid., T. XVI, 5.
⁶⁵ Н. Вулић, Куманово, Споменик САН XCVIII, Одељење друштвених наука 77, Београд 1941-48, 271; М. Гарашанин, Разматрања о македонском халштату, Старинар књ. V-VI, Београд 1956, 30.
⁶⁶ Р. Пашик, Бронзени предмети од околината на Скопје, Macedoniae acta archaeologica 4, Прилеп 1978, 62, T. I, 5.
⁶⁷ D. Kurti, Nouveaux elements sur la civilisation illyrienne des tumuli de Mati, Iliria IV, Tirana 1976, 247, Pl. IV, 8.
⁶⁸ V. Lahtov op. cit. 58.
⁶⁹ Според М. Гарашанин, Праисторија на тлу СР Србије II, Београд 1973, 456 (Reinecke P., Ein neuer Goldfund aus Bulgarien, Germania 9, 1926, pp. 50-54).
⁷⁰ I. Nestor, Zu den Pferdegeschirrbronzen aus Stillfrild a.d. March, Wiener Prähistorische Zeitschrift, XXI, Wien 1934, рр. 108 и натака; J. Harmatta, Zum Kimmerierproblem, Archaeologia Ertesitö N. S. VII-IX, Budapest 1946-1948, 78 и натака; S. Gallus - T. Horvath, Un peuple cavalier prescythique en Hongrie, Budapest 1939, passim и др. Kaj нac: Z. Vinski, “Tračko-kimerijski” nalaz Adaševci u Sremu, Rad vojvođanskih muzeja IV, Novi Sad 1955, 27-42; Д Гарашанин, Такозвани трако-кимерски елементи у материјалној култури металног доба Србије, Стyдије из металног доба Србије II, Старинар н.с. V-VI (1954-1955), Београд 1956, 337-342; М. Гарашанин, Праисторија на тлу СР Србије II, Београд 1973, 456-464; B. Brukner - B. Jovanović - N. Tasić, Praistorlia Vojvodine, Novi Sad 1974, 270-273 и др.
⁷¹ V. Lahtov, op. cit. 118-120.
⁷² B. Brukner - B. Jovanović - N. Tasić, op. cit. 270.
⁷³ М. Гарашанин, op. cit. 463.
⁷⁴ Ibid., 464.
кимерските влијанија, а на подрачјето од Војводина и околу подунавските области трако-кимерските елементи се најзастапени на локалитетите од Босутската група која започнува некаде околу 800 година п. н. е.⁷⁵ Трако-кимерската група на предмети всушност ја сочинуваат првенствено предметите врзани за кимерскиот коњанички начин на живеење - делови од коњска опрема како и разни украсни предмети работени со пробојна техника кои натака биле прифатени како накитен материјал. Значи, нашиот висулец - прапорец првенствено има трако-кимерско потекло а распространет е на оние места каде што живееле и се движеле Кимерците со својот номадски коњанички начин на опстанување вршејќи влијанија и подалеку со пренесувањата на трако-кимерските материјални производи во разни облици и варијанти. Целата трако-кимерска група на предмети според тоа потекнува од понтско-кавкаските области а распространетоста ја зафаќа покрај источна, средна и јужна Европа и Блискиот Исток, дури и Кина, кога станува збор за разните варијанти на ажурираните висулци - прапорци.⁷⁶ Директната врска пак, и директното потекло на нашиот висулец - прапорец, како и на украсните петлици со пробиен орнамент кои ќе ги разгледаме подолу, во овој случај би требало да ги бараме во Гласиначките културни сфери земајќи ги во обѕир взаемните влијанија од Гласинац кон нашите области во прво време а подоцна и обратно. Така, појавата на овие предмети во улога на накит во Лозишта кај Речица, не би била постара од крајот на VII и помлада од првата половина на VI век пред н. е.
Висулците со триаглен облик (Т. V / 6-7, Сл. 2/5) се чести предмети на македонските локалитети, во Албанија⁷⁷ и Грција на локалитетот Трилифон - Месимери.⁷⁸ Во поновите археолошки истражувања откриен е само еден примерок на некрополата Калдрма кај Прилеп и заедно со останатиот материјал датиран е во крајот на V век.⁷⁹ Меѓутоа, ваквите висулци би можеле да бидат делови од други или во улога на монизда за ѓердан , како и што би можело да се каже за цевчестите висулци.
⁷⁵ B. Brukner - B. Jovanović - N. Tasić, op. cit. 272.
⁷⁶ М. Гарашанин, op. cit. 463 (T. Arne, Klapper u Schellen aus Luristan, Serta Hoffilleriana, Vjestnik Hrvatskog arheološkog društva XVII - XXI, Zagreb 1940, 74 i d.).
⁷⁷ V. Lahtov, op. cit. 60.
⁷⁸ J. Bouzek, op. cit. 329, Fig. 21 (7).
⁷⁹ Б. Китаноски, op. cit. 110, Т. XII, 319.
Овде би ја споменале и коскената монизда (T. VI / 2, Сл. 2/6) која е широко распространета на илирските територии од железно време. Двете групи бронзени спирали (T V / 2, 4, Сл 2 / 1-2) во случајов во улога на гердани не се никако адекватни предмети на кои би требало да им се обрне поголемо внимание, со обѕир на тоа дека вакви спирали се широко распространети на целата илирска територија и подалеку и тоа во широк временски распон низ бронзеното и железното време и за различна потреба. За пример само, да го споменеме локалитетот Криви Дол - Радање на територијата од источна Македонија.⁸⁰ Прилично широка распространетост имаат и украсните бронзени петлици со пробиен орнамент (Т. VI / 3-8, Сл. 2 / 7-9). Нивната присутност во железното време е евидентна од VIII па сè до IV век пред н. е. Таквиот Хронолошки континуитет кај нас може да се прати со појава на ваквите предмети на Гласиначките локалитети Шаранчева Bpтача, Илијак и Бранковиќи⁸¹ (Гласинац IVa, IVв и Va) кои, меѓутоа, ја имаат улогата на токи за каиш или на градите за запетлување на текстил.⁸² Пробојната техника која е применета кај овие украсни петлици не наведува истите да ги поврземе со трако-кимерската група на предмети во првобитно значење како делови од коњска опрема кои служеле за провлекување или вкрстување на ремењата.⁸³ Ф. Пренди⁸⁴ ваквите петлици откривани по долината на реката Мати и Девол во Албанија хронолошки ги сместува во VIII и VII век а J. Боузек⁸⁵ во студијата за македонската бронза истите ги датира во VII и VI век заедно со гореспоменуваните висулци. Слични петлици но без украсот изведен со техниката на пробивање на македонска територија се познати од Орешани и Бразда кај Скопје⁸⁶ како и Бел Брег кај Куманово⁸⁷, сите датирани во VII век пред н. е. И на крај, украсната петлица со пет
⁸⁰ М. Гарашанин - Д. Гарашанин, Археолошка ископавања у селу Радању, на локалитету “Криви Дол”, Зборник на Штипскиот народен музеј I, Штип 1959, 30, сл. 71.
⁸¹ A. Benac - B. Cović, Glasinac 2, T. V, 12; T. VII, 5, 5a; T. XIII, 3; T. XXXXV, 17.
⁸² Ibid., 34.
⁸³ М. Гарашанин, op. cit. 460.
⁸⁴ F. Prendi, op. cit. 122, PI. V, 12.
⁸⁵ J. Bouzek, op. cit. Fig. 12 (32).
⁸⁶ Р. Пашиќ, op. cit. T. I, 8, 9; Д. Коракевиќ, Наод од халштатско време од Бразда кај Скопје, Macedoniae acta archaeologica 3, Прилеп 1977, 61-62, сл. 14-16.
⁸⁷ 3. Георгиев, Нов халштатски наод до околината на Куманово, Macedoniae acta archaeologica 4, Прилеп 1978, 76, сл. 9-18.
радијално извлечени листови (Т. V / 5, Сл. 2/10) е аналогна со примерокот од Долна Долина во северна Босна⁸⁸ но со осум листови, потоа Албанија (Мати)⁸⁹ но со шест листови и со примероците од локалитетите Олимпија и Чаушица во Грција⁹⁰ со осум и шест листови. J. Боузек ваквите предмети хронолошки ги детерминира од половината на VIII век до половината на VI век пред н. е.⁹¹
Како што се гледа, појавата и употребата на некои од анализираните предмети на влегува високо во крајот на вториот милениум пред нашата ера, крајот на бронзеното и почетоците на железното време (спиралните белезии и некои од оние со преклопенините белезии и некои до оние со преклопени краеви) а од друга страна пак, други предмети се во употреба до IV и III век пред н. е. (спиралните белезии со змиски завршетоци). Концентрацијата пак и интензивноста на употреба на повеќето предмети е, како што може да се заклучи од горенаведените аналогни хронолошки детерминати, помеѓу VIII и VI век пред н. е., најповеќе врз основа на тоа што например terminus ad quem за затворените белезии и лентестиот прстен е крајот на VI век, а terminus a quo за предметите од трако-кимерски стил (дури и ако се земе во обзир можноста за нивното продирање од Гласинац кон југ) па и белезиите со шематизирани змиски завршетоци е VIII век пред н. е. Без сомнение е тоа дека збирниот наод од Лозишта кај Речица не излегува од овие рамки а тоа е периодот на железното време II од Гарашаниновиот хронолошки систем за Македонија којшто одговара на Рајнекевиот халштат В-3 и С а што значи, во историска смисла, стабилизација на илирската култура или зацврстување на староилирските елементи. Земајќи го во обѕир потребното време за прифаќање на гореспоменатите влијанија врз културата на овдешните илирски области, потоа, резултатите од поновите проучувања во археолошката наука за македонската бронза (J. Боузек и др.) се приклонуваме кон периодот од 650 до 550 год. пред н.е. како временска одредба од која секако потекнува збирниот наод на бронзен накит од Лозишта кај Речица. Уште поодреден логички заклучок за хронолошката детерминација на овој материјал ни се наметнува времето на почетокот (поточно првата третина) од VI век пред н. е. и тоа врз
⁸⁸ Z. Marić, Problem sjevernog graničnog područja Ilira, SIMPOZIJUM o teritorijalnom i hronoloskom razgraničenju Ilira u praistorijsko doba, knj. 1. Sarajevo 1964, T. III / XV, 13.
⁸⁹ F. Prendi, op. cit. 134, Pl. V, 14.
⁹⁰ J. Bouzek, op. cit. 308, Fig. 13 (17, 18).
⁹¹ Ibid., 304, Fig. 12 (2, 23, 38).
основа на интензивната присутност на поедини артефакти, потоа веројатноста за тоа што во тоа време едни се појавуваат а други замираат или нестануваат од употреба, како и врз основа на некои посебни карактеристики на белезиите со преклопени краеви (преовладуваат примероци изработени од потенки бронзени жици) и спиралната белезија со змиски завршетоци кои се повeќe кaрактеристични токму за овој период од железното време. Како прилог кон оваа датација го додаваме и нашето мислење дека материјалот од Лозишта кај Речица е секако постар од материјалот на богатите илирски гробови од Горенци (Требеништа) коишто се во непосредна географска близина и кој материјал се разликува од овој и типолошки и по своите генетички и други особености што ќе значи пак, заклучно, тоа дека ова претходење се поклопува со горната хронолошка констатација. Ни останува уште да го одредиме карактерот на овој збирен наод на бронзени предмети. Согледувајќи ги сите околности на мислење сме дека се работи за остава која најверојатно спаѓа во типот на вотивните остави, што би значело дека предметите се посветени или подарени на некое боженство, или уште поточно, на некој покојник, со обѕир на тоа што истите биле и на тој начин распоредени а и со обѕир на значењето на двата вотивни прстени. Помалку би можеле да ја земеме како веродостојна претпоставката дека се работи за остава - скривница и покрај тоа што се во прашање повеќе врсти на предмети од накит коишто, на некој начин, би можеле да претставуваат средства за примитивна размена, како некоја врста пари, скриени предмети пред некоја опасност во локални размери. Така, збирниот наод од Лозишта кај Речица си зазема подоста важно место со самото тоа што претставува едно од малубројните депа или остави во Македонија од железновременскиот стадиум на развојот на старите цивилизации (во случајов илирската) во овие области, натака, поради тоа што јасно укажува на некои степени од континуитетот во развивањето на змискиот облик кај белезиите, како и поради интересниот момент во врска со присуството на трако-кимерскиот стил во изработката на некои предмети.
Цртежи: Нада Почуча - Кузманоска
Фотографија: Петар Алчев
PASKO KUZMAN
LA TROUVAILLE COLLECTIVE DES OBJETS DE BRONZE DE LA LOCALITE DE LOZICHTA PRES DE RETCHITZA, DANS LA RÉGION D'OHRID
Le village Retchitza se trouve au nord - est d'Ohrid à environ 20 kilomètres de cette ville et la localité Lozichta est située à un kilomètre, au nord-ouest du village. La collection d'objets de bronze à été décou verte par hazard à l'occasion de travaux agricoles en 1955 et grâce à D-r Vasil Lahtov a été acetée et apportée au Musée national d'Ohrid.
Cette trouvaille comprend au total 45 objets de bronze dont 14 bracelets, 12 bagues, 7 boutons d'or nements, 5 anneaux, 5 pendantifs, 2 groupes de spirales (saltaleoni) et une perle d'os pour collier. Les objets cités ont été découverts sur un espace de 30 à 40 centimètres enterrés et entourés d'une manière primitive de petites pierres. La plus part des objets étaient rengés en ligne droite comme sur un mort.
Nous avons partagé les objets en trois groupes de base: les bracelets massifs et fermés (3 exemplaires), les bracelets aux extrêmités se chevauchant (10 exem plaires), un bracelet en spirale aux extrêmités à tête de serpent (1 exemplaire). Les bracelets aux extrêmités se chevauchant ont ou bien des extrêmités aplaties mais aiguës, ou bien des extrêmités aiguës mais en forme de pied ou encore aplaties en carré elargie en forme des têtes de serpent schématisées. L'un de ces bracelets est massif aux extrêmités plus épaisses et orné de dessins linéaires. Parmi les bagues nous distinguons plusieurs types: doubles spirales, 3 et 5 fois enriulées (4 exemplaires), aux extrêmités superposées (2 exemplaires), ouvertes en forme d'anneaux (4 exemplaires) et votives (2 exemplaires) dont l'une en bande et canlée et l'autre portant une tête en forme de trapèze. Les spirales d'ornement comprennent deux sortes: avec un ornement gravé (6 exemplaires et en forme de feuille avec cinq feuilles tracées radiales.
Les anneaux sont: ou bien fermés (2 exemplaires) dont l'un à pendant, ou bien ouverts aux extrêmités se touchant (3 exemplaires) dont l'un se termine en un élargissement carré.
Les spirales forment deux groupes: le premier ayant un plus grand diamètre et de plus grandes dimensions (8 fragments), et l'autre ayant un plus petit diamètre et plus petites dimensions (7 fragments). Vraissemblablement, les deux groupes, dans ce cas, jouent le rôle de colliers.
En ce qui concerne la détermination chronologique les bijoux de cette collection, sur la base d'analogies, des caractéristiques et de l'intensité de l'emploi des objets, nous avons placé toute la collection trouvée dans le cadre de l'âge de fer II (fin du VIIIe siècle jusqu'à la fin du VIa siècle) du système chronologique de l'âge de fer de la Macédoine, d'après M. Garachanin. Encore plus précisément, nous avons situé la collection trouvée dans le cadre des années allant de 650 à 550 avant notre ère reconnaissant les résultats des recherches les plus récentes concernant le bronze macédonien (J. Bouzek et d'au tres).
En ce qui concerne le caractère de cette collection trouvée nous pensons qu'il s'agit d'un dépôt qui, vraissemblablement, fait partie du types des dépôts votifs, ce qui signifierait que les objets sont dédiés ou offerts quelque divinité, ou bien plus exactement, à quelque défunt, considérant que ces objets ont été rengés de cette manière et aussi prenant en considération le rôle de deux bagues votives.
Traduit par RENÉE DULJANOVIĆ