НАША КНИГА

Балсамара

1990

ВРАТА

Во неа се гледа пророчиште
Се чека да се отвори спасоносно
Да ја отвори устата
Да се види гола жена на прагот
Или слобода во прекрасно опустен
предел

Кваката таа квака бездушна
Буржоаска квака
Милениумски затворен клун
(со ред други причини за омраза)
Не може да се сфати не може
Трпението на понижените

По аглите истопорени подбивно
Мувлосаните сенки
Рамките од прозорците подотворени
Привиденија накалапени во зениците
Исечоци од сонцето во закржлавен дремеж
Средиште од вака виден полином

Замислете двојно чекање
Едно полжавско двоумење
Да ја отвори устата ова чпиртосано
На ѕидот закачено гледање
Недонаучени колку е безизразено и тапо
Во неподвижна идиотска поставеност
Додека птичјата уста металното создание
На моменти како да се кикоти И
Натаму никој не знае нема поим во каква
Зандана се трули и дали е тоа подрум

Со прадедовци на катови сандукован
Или обична соба во најдалечен
Старечки дом дали е келија
Или гасна комора осветлена интимно
За последниот оргазам И

Толку настојчиво се чека да се отвори
Вратата на среде бел ден a тaa
Најверојатно се лизгаме во
Најлетаргична јама во
Јамааааааааааааа