Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Влегување во сенатот

1.
Родот мој и твој
се родови на честа
Од нас мора да влезе
некој во сенатот
Останавме еве двајца
Едниот сигурно влегува
преку другиот мртов
Тоа е правило

2.
Влегувањето во сенатот
неизоставно е условено
со познавање на законите
и општественото уредување
на мравјите држави

3.
Мораш да знаеш толкување
на послането бојно поле
Мораш на приемен испит
со подготвен говор во траење
од едно простумечко деноноќие