Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Ветерани

Ocвeн плебсот и поткажувачите
По јавните форуми се преселија
заслужните ветерани

Во вреќи за спиење удобно потпрени
на своите бивши дела
Со најновите вести под мишките
за состојбите на боиштата
Навлегувањата на варварите
во рбетот на империјата
За програмите на сепаратистите
и друго

Со накрмени коментари
Заклучоци без одговорност
На масите од блиските биртии
Во дебатните клубови
Составуваа и по некое
Протестно писмо до Сенатот