НАША КНИГА

Балсамара

1990

ПО СТРМНИШТЕ СО ГЛАВАТА ПРУГОРЕ

5. УЛОГАТА НА МОСТОТ

Cè е едноставно на средината од мостот Напред
или назад сеедно е слегување Сите можности се во реката
Одбрани претставници чукаат на вратата од господ барајќи
да се измени нешто во смислата да се промени судбината
да се влезе во нова димензија но одговорот беше негативен
Натака безотпорно вино-поток во свеста жубори
Жена-постела на себе легнува Песна-ѓубре оплодува
Обидот да се закатани времето не успева ниту
ушите со восок да се затворат нешто значи Мелодијата како тивко
снежење тоа пластење на нови звукови е плач во други
алишта облечен