Независни изданија
Римјани
Dec. 1, 1987
Тиберие
"О, луѓе, создадени за ропство"
Понизбите од вас стигнуваат
поради овчката владеачка психологија
Позната ми е веќе одамна
површната одушевувачка ода
Вчера кон мојот претходник
Денес кон мене
Утре кон мојот непријател
Затоа ме печат и на јаве
и на соне
жешки смолни течности
ми го балзамираат грлово
Ми ги згрутчуваат артериите
и кривите мозочни линии
За показ на јасноста
Ви го нудам ова бегство во Капри
Оттаму ќе видите како ќе зрачат
смртните наредби
Смешните старечки пресуди
Додека вие пак ќе пеете сложно
(О каква ропска превртливост)
Тиберие Тиберие цару
Наш Доминус Доминус Деус