Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Тажаленка за изгубените легии

Убав си вака нашминкан
Спокоен Малку блед
мој вонбрачен роду
Целата срамота на Рим
едноставно ја легна на
постелата од неминовноста

Ти знаеше за јасноста
на казните што следат
отаде мојата волја
па твојата лекомисленост
ја понесе во вечноста

Убаво мој мал роду
Убаво за таквата одлука
Но како да ги оправдаме
Помрачението Славата

Надвор сега
од нашиов таен разговор
Во иднината
Љубопитно чекаат
Поколенијата

Во врска со ова
Морам да смислам
Поговорка за историјата
Еве вака за неспособноста
Теутобуршката шума
Несериозноста Лакрдиите
Квинтилие Публие Варе
Врати ми ги легиите

И би така.