Publication Староста на планетата Земја
РЕПУБЛИКА - ЛОЗА - АРХЕОЛОГИЈА: ОД МОЈ АГОЛ

Oct. 9, 1991

Прифатете ја вистината која ви се нуди. Во овој момент немате друга алтернатива. Проценето е дека староста на Земјата изнесува околу 1,5 милијарди години.

Староста на планетата Земја

Прифатете ја вистината која ви се нуди. Во овој момент немате друга алтернатива. Проценето е дека староста на Земјата изнесува околу 1,5 милијарди години. Ова огромно Време, од кое ве совпаѓа некакво чувство на тотална ништожност, поради утешение кон поимот човечко сфаќање, поделено е на неколку свои составни делови.

ЕОЗОИК (Азојски, архајски период), најпрвото време. Траело околу 1 милијарда години. Најдивата од сите диви убавини што може да замисли човечкиот ум на една од планетите во вселената. Можноста тоа поопипливо да се доживсе еден наспроти милијарда. Немаме сознанија за било каков облик на живот, освен нешто сосема недефинирано и можеби сосема кон крајот на ова време.

ПАЛЕЗОИК. Време кое траело околу 350 милиони години. Време на најневообичаените авантури на планетата. Се појавуваат првите траги на живот, претпотопските животни, живи форми кои денеска човечката фантазија одвај може да ги смести во рамките на својот мозок. Се разбира дека тогаш се случил првиот еротски спој, првата прељуба на земјата - најголемото откритие на сите времиња.

Поделено е на пет геолошки епохи, или временски формации: камбријска, силурска, девонска, карбонска и пермска.

МЕЗОЗОИК. Време “во вредност” од околу 100 милиони години. Време со едно целосно движење на природата, т.н. “звучна природа”, едно исклучително густо вриење од живот. Планетата “врие” од влекачи, птици, риби - за првпат појавeни - царство на еден свет од илјадници гласови, милозвучни и крескави. Поделено е на одамна познатите епохи: тријас , јура, креда.

КЕНОЗОИК (Терциерно време). Трае со оддолжување и со колебање околу 50 милиони години. Планетата, овојпат, е поплавена од цицачи. Претпоставка е дека кон крајот можеби се појавиле и првите хоминиди. Ова време, пак геолошки, е поделено на четири епохи: еоцен, олигоцен, миоцен и плиоцен.

АНТРОПОЗОИК (Квартарно време) кое трае околу 1 милион години и трае се уште. Првиот човск (хоминид) проодел уште во почетокот на ова време. Поделено е на две епохи: плеистоцен (диливиум) и холоцен (алувиум). Како што е познато, во плеистоценот се смениле четири ледени доба (глацијации) и исто толку меѓуледени доба (интерглацијации). Во археолошка смисла на плеистоцснот (диливиумот) му припаѓа палеолитот (старо камено време) или т.н. период на дивjаштвото од развојот на човештвото, додека на холоценот (алувиумот) му припаѓаат сите други археолошки периоди: од мезолитот (преодно време), преку неолитот (младото камено време) или периодот на варварството, бакарното, бронзеното, железното време, антиката и средновековиeто, па до денес, почнувајќи од крајот на последното ледено доба навака 10-12.000 години.

Наведените ледени и меѓуледени доба во Антропозојското (квартарно) време одговараат за европските прилики, но, констатирано е дека тоа, главно, e и општа појава на двата пола од земјината топка (во Северна Америка исто така се утврдени четири ледени и меѓуледени доба).

Инаку, во зоолошкото течение на развивањето и метаморфозите на претходниците на денешниот човек “сите видови на фосилниот прачовек припаѓаат на фамилијата хоминиди, односно на редот примати”. Првите примати се појавиле на почетокот од кенозојското (терциарно) време. Од нив, потоа, се развил Прокопсулот, предокот на сите мајмуни и луѓе. Тогаш и почнале да се одвојуваат фамилиите хоминиди и понгили. Од понгидите подоцна се развиле денешните човеколики мајмуни - гибон, орангутан, горила и шимпанзо. Кон крајот на кенозоикот и почетокот на антропозоикот, фамилијата хоминиди се поделила на две подфамилии: Австралопитекус и Хомо. Првите подоцна изумреле засекогаш, а од вторите натака се развиваат сите видови и претходници на Хомо сапиенс-от кој е инаку и наш директен предок. Заклучно, во оваа смисла, животот на планетата Земја може да се подели на две основни царства: ЖИВОТИНСКО ЦАРСТВО (доминација на животните), подолготрајно, безмалку околу 500 милиони години (од палеозојското до антропозојското време) и ЧОВЕЧКОТО ЦАРСТВО (доминација на човскот), кое е пократкотрајно трае и денес и се “надсва” дска ќе трасе додека не пукне планетата. Првото е “етнички“ чисто, но второто е мешано, поточно, има и животни меѓу луѓето.