Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Специјална империја

На поетите на јаве или на соне
сеедно Покажете им прст
Тие веднаш ќе изградат пирамида
За да ви ја заведат лековерноста
Ако му ја подадете раката
Нивната способност станува натчовечка
И тие веднаш започнуваат со
СОЗДАВАЊЕ НА ИМПЕРИЈА

Подадената рака инаку
Ја грабнуваат како ислужени песови
најдената коска над која ‘ржат
и ја чуваат во зениците
Цел живот носејќи ја
како трофеј