НАША КНИГА

Балсамара

1990

ПО СТРМНИШТЕ СО ГЛАВАТА ПРУГОРЕ

2. СОСЕМА НОВИ ОКОЛНОСТИ

Се изборува дишењето со органите од петиците нагоре
низ главата за сопственото значење Закрепнуваат
коските и мускулите Се зацврстува здравјето телото
и одбранбените ѕидови на духот мислата и внатрината
Паѓаат сите сомневања за непостоењето се претвораат
дотогашните необичности во тазекелијни и тазеткивни
придружници на обичните секојдневија Сосема нова и
необична појава е будењето на полните органи и црвенеењето
Желбата за влегување во Ева и во земјата
морето длабоко и високо Нема умирање и нема недостижно
Оган да боли вода камен да тежи Нема крв што
не се запира Зараза Нема ништо што не се допаѓа
Нема по патот по кој силни птици водат до крајот од
најпрвата младост со игра мечти ловни шуми и соништа
Еднакви поединости со утрото на човештвото Ете така
си тргнуваат незапирливо околностите кон насловно
споменатата удолница своеглавно напред: со главата пругоре