Независни изданија
Римјани
Dec. 1, 1987
Сенека
(Неронова тирада)
Зборувај појасно
да те разберам стопроцентно
Не врти ја опашката
со благотелечки израз
во недефинирани правци
Кажи му ја на плебсот
вистината
дека се застапуваш
дури и за нелуѓе
Робовите
Плачливо ја бојадисуваш
еднаквоста
Со хумани пароли и пораки
испишани на транспаренти
по Виа Сакра
А не се откажуваш од каматите
Со никого не ги делиш
твоите 300 милиони сестерции
Ех мој голем учителу
Луцие кловну еден