Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Римјани (Почеток)

Долго јаваа низ густи шуми и беспатја.
Околу девет векови. Легиите на Рим.
Времето им беше закатането во храмовите.
Го чуваа боговите. Пред секоја надеж
Нови шуми. Веќе не се разликуваа
козјите патеки од беспатјата.
Носните дупки од коњите и луѓето испуштаа
бела пенлива материја. Тоа беа душите кои
полека патуваа кон задгробниот живот.
На војсководецот никој не му го виде лицето.

Накрај
густежот се разреди и маглите се дигнаа.
Им се отвори планетната оаза. Засвети
Триумфална арка.
Поминаа низ неа и
ГО ОСВОИЈА СВЕТОТ.
Војсководецот нонечно слезе од коњот.
Беше веќе конзул. Но трошлив скелет.
Сепак собра сили. Се помоча.
Протече Тибар.
На местото
Боговите го утврдија столбот на империјата.