Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Римјани (Крај)

Светот ни се враќа
од пондилите Катакомбите
Излегува чистиот прирок
Р а б о т а м
Кај нас пукнуваат чиревите
создадени од источните мирудии
Ни се топат лојните жлезди
во сопствените киселини
Силно замирисаа
Долните стратуми на атмосферата
што ја загадивме
Мораме да ја предадеме
утробата на испарување
Ни се згрутчи крвта
Се затворија издувните канали
Тука ни стапна на вратот
Неминовноста
Крлежното пукнување