НАША КНИГА

Балсамара

1990

ПО СТРМНИШТЕ СО ГЛАВАТА ПРУГОРЕ

3. ‘РБЕТНИОТ СТОЛБ ВО ПРОСТОРОТ

Пристигнуваат прашливите патници на времето Бушавите
брболковци со првата затемнетост на кожата и
затегнати жили до прснување Неуморни и силни со постојана
забрзаност низ кривините на мозокот преку оградите
Оковите на младоста таа избезумена веселост Бурите надојдени
тие предвесници на големите откритија
Првите созревања задржувани со упорно гостопримство
на трајни конакувања Преосетливо се прелистуваат
страниците на книгите ненапишани што потоа во воздухот сами
се откинуваат кон последниот лет како ехо слушнато
и толку посакано да се зароби ама незаробено ама низ
прсти истечено Се запишуваат разговорите на дождовните
капки Со ветровите се патува јавајќи ги од исток
кон големите горештини кон зенитот Од вечерите се истиснува
сокта на поезијата и најпркосно в лица им се залепува
на луѓето шлаканици вистини за да ја сознаат
големата стварност на 'рбетниот столб во просторот