Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

По освојувањето на власта

И наеднаш почнавме
сите да сонуваме
раскошни светови
полни стомаци
полнички жени
мермерни мажи
гипсени Аполони
нежни Антинои
плодни полиња
шпалирни лозја
маслинови дрвја

И сé така до јавето
Залезното будење
грди и побелени
стари и немоќни
без својствениот ни
авторитет
без некогашниот ни
идентитет
Крај со крај повеќе
не можеме да закрпиме