Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Нерон

Мајка ми беше премлада за нејзините години. Откако успеа да го отруе мојот притатко царот Клаудие, со помош на стројните мажи, нејзини љубовници, мене ме седна на царскиот престол. Потоа ми седна и на мојот набрекнат царски пенис и така конечно сонот од детството ми се оствари. Ја обљубив својата сопствена става во телото на нејзината женска совршеност. Сознавајќи го така својот гениј низ најсладострасната забрана од боговите, станав најголем уметник на светот. Јас, великиот Нерон.