НАША КНИГА
Балсамара
1990
ПО СТРМНИШТЕ СО ГЛАВАТА ПРУГОРЕ
4. НАВИДУМ МИРНО ТЛО
После и натака со инаетење и со лажен билет
за театарот на светот се појдува навидум рамнодушно
на бескрајната приредба кончено и така влегувајќи во суштината
на дваесеттиот век Тогаш кон примамливиот мирис
се разлетуваат сите грабливи птици разни набљудувачи и други
ситни инсекти Орли удираат комарци се забодуваат
Клукајдрвци клукаат на дрвото од животот прекутурупа се
оди напред кон верувањата ветувањата идеалите
и разните други цели Малите паѓаат големите преку
нив градат нови вредности цокли на иднината Така се засилува
селекцијата на родот Така некако се здогледува мирно
тло и како по бродолом се навлегува во играта на вистината