НАША КНИГА
Балсамара
1990
ПО СТРМНИШТЕ СО ГЛАВАТА ПРУГОРЕ
1. НАСЛЕДНАТА НАВИКА: ПИШТЕЊЕ
Почетокот узрева во утробата како наследна навика за пиштење Полноглавец незаделкан сам вразумен Ослободен од потребата по правилниот ред на дрворедите да се биде како такво дрво Да се стигнува по договор на закажаните средби од природата со папагалите Навременото сознавање на боите од светот
Изгревањето како љубопитен зрак од непознатото кон
сите четири страни на светот Голомешестото умување
со угорниците на вселената Осветлување на малите сенки од непознати фарови од темниците на шумите
Презриво отфрлање на насликаните патишта со сите
видови сликарски техники посочувани од сезнајните родители Револуционерното завлегување по слепите црева напамет и по нивните сокаци лизгави ко’ полжави
Влегување посеверно и појужно од умерениот појас на животот Таа невина игра со смртта Распарчување на лекциите во честички или во ситни засебни светови Нивното расфрлување во разно-разни огради на черепот во кого се создаваат оази кладенци и други каши за поење од кои ртат и растат своеглаво напред хаос семе ѓубре и разни други особености
И разни други својства што го вообликуваат сосема новото суштество Така директно во чудесноста на метеорот што го пара небото со пиштење