Независни изданија
Римјани
Dec. 1, 1987
Месалинината сексуална револуција
Месалина среде бел ден го рашири
своето лично царско богатство
Пред козорогот на младиот сенатор
кој гордо задигнат в трк се даде
да го освои густото царско руно
Така почна да се ниша престолнината
во еден единствен љубовен ритам
Се нишкаше дворецот и седумте ридови
Скокна и Везув ги зајава долините
во блуден кикот на лавата со ѕидовите
(многубројни спарени суштества завршија
како споменици со предвремено излевање)
Стенкаа долгоораните плодни ниви
Распукнуваа јумферести падинки
Слачните реки и крвните потоци
станаа општ мореуз закачен трајно
во сеопшта блудна медузна вагина
Во силен рикот сврши Империјата