Независни изданија

Римјани

Dec. 1, 1987

Како ја создавав мојата империја

Цел живот се стремев да изградам куќа
за мене и моето потомство
За мојот кислороден арсенал
За сите мои домашни животни
Подруми за неживите форми
Водоводни цевки за потребната течност
Кабли за потребната светлост
Канализација за непотребностите
од мојот и ближните организми
Потоа веќе морав
да измислувам доградби
за сите мои желби
по сé обични и секојдневни
во рамките на виделината
Изворот
Неговите прозрачни длабочини
И кога со едната нога Сосема таму
ја почувствував вечноста
Почнав како никогаш дотогаш
да градам и доградувам