Независни изданија
Римјани
Dec. 1, 1987
Империја
Сé беше испланирано
Течението на големите и малите води
Речните ракави Мореузите
Заливите Трговските патишта
морски и копнени
Сé беше ставено под смислата
на Архимедовиот закон
(подоцна влезе во употреба микроскопот)
До каде што допираа богатите предели
на познатата ни земјина плоча
(подоцна во плановите беше внесувана
како топка)
Ете така секој од нас
планираше своја империја
Сите си имавме свои образложенија
за потребата Создававме закони
Позитивни секако
Оправданоста ја измисливме во делата
на одбраните луѓе на кои им наредивме
да го забележуваат секое наше славно
Поткашлување
(подоцна тие специјалисти
беа означени како историчари)
Немаше никакви дилеми
во тој контекст
По легендарната смотра што ја изврши
своевремено
малиот Александар Велики Македонски
над познатата му екумена
Најреална беше
римската светска ориентација
Подоцна сите на неа се огледуваа
сите мали и големи империи
до денес