Независни изданија
Римјани
Dec. 1, 1987
Император
Јас имам империја
со измерени дијагонали
до секое протегање
Во сите правци
додека размислувам
како да владеам
си шетам по голи животи
Секој чекор ми е одлука
Подзастанувањето значи
да се изврши казна
или некој да биде
на лице место награден
Моите поданици
во целосна слобода
можат да дишат
Кога спијам
Кога ловам
Или кога љубам
царица